Дома Твој готвач УНГАРСКИ КОЦКИ:Слатко што ќе ги воодушеви сите љубители на чоколадни десерти

УНГАРСКИ КОЦКИ:Слатко што ќе ги воодушеви сите љубители на чоколадни десерти

2676
0

УНГАРСКИ КОЦКИ:Слатко што ќе ги воодушеви сите љубители на чоколадни десерти

Во облик на унгарска торта, содржината е „чистокрвна“ чоколадна торта. Доколку сакате чоколадни десерти, дефинитивно пробајте го овој рецепт, веруваме дека ќе се воодушевите!

Состојки:
Кора:
▪ 100 гр маргарин
▪ 100 гр шеќер
▪ едно јајце
▪ 100 мл млеко
▪ 400 гр брашно
▪ 4 лажици какао
▪ половина кесичка прашок

Крем:
▪ 500 мл млеко
▪ 50 мл чоколаден ликер
▪ 100 гр темно чоколадо
▪ 1 кесичка чоколадо во прав за пудинг
▪ 1 лажица скроб брашно
▪ 150 гр шеќер
▪ 200 гр путер

Шлаг:
▪ 150 гр темно чоколадо
▪ 3 лажици масло

Подготовка:
Кори:

  1. Измешајте 100 гр маргарин со 100 гр шеќер, додадете едно јајце и 100 мл млеко и измешајте уште малку.
  2. Измешајте 400 гр брашно со 4 лажици какао и половина кесичка прашок за пециво. Додадете во претходната смеса и замесете тесто.
  3. Тестото се дели на 4 еднакви делови. Секој дел развлечете го тенко на хартија за печење со димензии од околу 25×35 cm. Избоцкајте ги корите со вилушка и печете ги во загреана рерна на 170 °C околу 6-7 минути.
  4. Испечените кори наредете ги една врз друга и наполнете ги со плех или нешто слично за да ги израмните.

Крем:

  1. На тивок оган сварете 400 мл млеко измешано со 50 мл ликер. Додадете 100 гр скршена темна чоколада и мешајте додека да се растопи чоколадото.
  2. Во 100 мл млеко измешајте 1 кесичка чоколадо во прав за пудинг, 1 лажица скроб брашно и 150 гр шеќер. Измешајте сè во врело млеко со ликер и чоколадо и мешајте додека кремот не се згусне.
  3. Се трга од оган и се промешува 200 гр врел путер. Кремот поделете го на 3 еднакви дела и веднаш филувајте ги корите. Последната кора не се премачкува.

Глазура:

  1. Готовиот колач пректиејте го и ставете го во фрижидер преку ноќ.
  2. Следниот ден покријте со глазура за која ќе стопите 150 гр темно чоколадо со 3 лажици масло.
  3. Повторно се става во фрижидер да се стегне глазурата, па се сече на коцки.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име