Дома Живот ТОПЛО или ЛАДНО КАФЕ: Дали едно од нив е ПОЗДРАВО?

ТОПЛО или ЛАДНО КАФЕ: Дали едно од нив е ПОЗДРАВО?

472
0

Дали претпочитате топло , „класично“ кафе или неговата се попопуларна ладна варијанта?

Тоа е главно прашање на вкус, но дали некогаш сте се запрашале кое е можеби поздраво?

Сè уште нема многу истражувања на оваа тема, но забележлива е една разлика:

„Се покажа дека топлото кафе има поголеми количества на антиоксиданси, што може да понуди здравствени придобивки, но потребни се повеќе истражувања “, изјави д-р Маџид Басит , кардиолог, за HuffPost.

Истражувачите од Универзитетот Томас Џеферсон откриле дека топлото кафе има повисоки нивоа на антиоксиданси, во споредба со ладното кафе. Меѓутоа, што ако сакате да добиете дополнително зголемување на кофеинот? Кофеинот е исклучително променлив во свареното кафе и зависи од голем број фактори, вклучувајќи ги и употребените зрна.

„Кофеинот има и позитивни и негативни ефекти врз телото. Ја зголемува будноста на мозокот и општото ниво на енергија, но исто така ќе ја зголеми и киселината во желудникот што кај некои луѓе доведува до „вознемирен стомак“ , вели кардиологот.

Излегува (засега) дека просечната шолја топло кафе има малку повеќе антиоксиданси и приближно исто количество кофеин како неговата ладна верзија. Студиите не открија големи разлики во тоа како човечкото тело реагира на двете форми на кафе.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име