Дома Здравје Тоа е најчестиот избор за појадок, а воопшто не е ЗДРАВ

Тоа е најчестиот избор за појадок, а воопшто не е ЗДРАВ

775
0

Лекарите секогаш предупредуваат на важноста на појадокот и неговиот состав, а пред сè на количината на шеќер и други јаглехидрати што ги консумираме наутро.

„Премногу често за појадок се јадат житарки, палачинки, крофни, лиснато тесто, сите намирници кои се богати со шеќер“, предупредува д-р Кортни Данџело.


„Додадете го на тоа шеќерот во кафето, оној со кој посипуваме овесна каша или веќе го содржи, па дури и поголема количина слатко овошје и добивате опасна количина која го загрозува нашиот имунолошки систем.

Ако вашиот појадок се базира на храна купена во пекара или дури и продавница за здрава храна, голема е веројатноста дека немате доволно протеини во него.

„Секое утро треба да му обезбедите на телото доволно протеини – без разлика дали се тоа јајца, млечни производи или тофу доколку сте вегетаријанец“, објаснува д-р Данџело.

Појадокот мора да содржи доволно количество на витамин Ц, како и антиинфламаторни состојки. Затоа се препорачува сок од портокал – без додаден шеќер – но добро е да пиете и лимонада.

Исто така, витаминот Д е задолжителен уште од раните утрински часови, без разлика дали ќе ја комбинирате храната во која е присутен, или ќе земете додаток.

И на крај, најлошото нешто што можете да го јадете за појадок е „брзата храна“ – брзата храна која содржи големи количини сол – исто така опасна за имунитетот.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име