Дома Живот Спречете ги алергиите без лекови

Спречете ги алергиите без лекови

881
0

Постојат различни лекови кои можат да ги ублажат симптомите на алергија, но се почесто се појавуваат пациенти кои не се засегнати со ниту еден лек.

Постојат неколку начини на кои можете да ги ублажите овие симптоми без употреба на лекови.

  1. Променете ја облеката

Првата работа што треба да ја направите кога ќе влезете во куќата е да се пресоблечете. Соблечете ја облеката што сте ја носеле надвор цел ден и во која мора да има наталожен полен.

  1. Туширајте се

Со туширање и миење на косата дефинитивно ќе се ослободите од поленот што се наталожил во текот на денот.

  1. Користете марамчиња и физиолошки раствор

Само туширањето можеби не е доволно. Користете физиолошки раствор за чистење на очите и носот пред спиење. Ставете малку солен раствор на марамче и тријте ги очите и носот.

  1. Прочистувач на воздух

Овој уред може да го намали количеството на алергени во вашиот дом.

  1. Одржувајте хидратација

Погрижете се да пиете доволно течности за да ја одржите хидратацијата за време на сезоната на алергии. Истражувањата покажаа дека кога сте дехидрирани, вашето тело произведува повеќе хистамин, што предизвикува алергии.

  1. Витамини и суплементи

Постојат повеќе докази дека витамините и минералите можат да влијаат на алергиите. Витаминот Д и омега 3 во рибиното масло можат да бидат од голема помош.

  1. Капете го вашето куче

Најдобриот пријател на човекот може да биде и негов најголем непријател, бидејќи го шири поленот низ целата куќа.

  1. Користете вазелин

Можете да нанесете тенок слој вазелин околу носот за да го „одвратите“ поленот и на тој начин да спречите иритација.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име