Сочно пилешко со мед и сенф – Највкусно досега
Рецептот за пилешко со мед и сенф е идеален за секој што цени брза подготовка, но не сака да прави компромис кога станува збор за вкус.
Кога сте уморни по долг ден, последното нешто што сакате да го направите е да поминете часови во кујната. Сепак, тоа не значи дека мора да се откажете од вкусен и здрав оброк.
Пилешко со сочен зеленчук, збогатено со неодолив сос од мед и сенф, обезбедува совршена рамнотежа од слатки, солени и малку зачинети ноти. Јадењето е исклучително едноставно, а резултатот ќе ве воодушеви.
Состојки (за 2 лица):
🔷2 пилешки филети (околу 300 до 400 грама),
🔷1 црвена пиперка,
🔷1 жолта пиперка,
🔷1 кромид (или праз),
🔷2 чешниња лук,
🔷1 лажица маслиново масло,
🔷Сол и бибер по вкус;
За сосот:
🔷2 лажици мед,
🔷1 лажица сенф,
🔷1 лажица соја сос;
Подготовка:
Исечете ги пилешките филети на коцки или ленти . Исто така, исечете ја пиперката и кромидот на тенки ленти. Ситно исечкајте го лукот.
Загрејте го маслиновото масло во тава на средна температура. Додадете го кромидот и пиперката и пржете ги околу 5-7 минути додека не омекнат, но сепак останат крцкави.
Додадете го пилешкото во тавата и зачинете со сол и црн пипер. Динстајте го заедно со зеленчукот околу 5 минути, додека не добие златно-жолта боја.
Додека пилешкото се динста, во мал сад измешајте го медот, дижон сенфот и соја сосот. Добро измешајте додека не добиете еднолична смеса.
Кога пилешкото ќе биде готово, додадете ситно сечкан лук и динстајте уште една минута. Потоа прелијте го подготвениот сос врз сè.
Промешајте кратко, само колку убаво да се премачкаат пилешкото и зеленчукот, и гответе уште една или две минути додека сосот не се згусне.
Сервирајте го јадењето топло, наросено со свеж магдонос. Одлично оди со ориз, тестенини или свежа салата.








