Дома Твој готвач Сочно пилешко во сос од лимон, лук и путер

Сочно пилешко во сос од лимон, лук и путер

677
0

За ручек, почестете се со вкусно пилешко во сос од лимон, лук и путер.

Ќе го подготвите ова сочно пилешко за само половина час и за тоа кратко време ќе можете да направите и гарнир и брза салата.

Предлагаме да ги сервирате надкопаните со ориз, но имајте на ум дека тие добро одат и со печен компир.

Состојки:

5 пилешки надкопани
½ лажички пипер
50 гр путер
100 мл (бујон) пилешка коцка за супа
2 чешниња лук
сок од еден лимон
сол

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени.
Зачинете го пилешкото со пипер и сол и печете го на хартија за печење половина час. Последните пет минути зголемете ја температурата на 200 степени за да ја направите кората крцкава.

Растопете го путерот во тава и мешајте неколку минути, додека не добие кафеава боја. Истурете го бујонот додадете го исечканиот лук и сокот од еден лимон. Ако сакате, додадете неколку парчиња лимон.
Вметнете го пилешкото и оставете го да се крчка неколку минути.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име