Дома Живот Совет од јапонски лекар (105) за долговечност

Совет од јапонски лекар (105) за долговечност

507
0

Совет од јапонски лекар (105) за долговечност

Може да се каже дека д-р Шигеаки Хинохара е одговорен за долговечноста на Јапонците, бидејќи неговите совети во голема мера придонесоа неговата нација да живее среќно и квалитетно.

Шигеаки Хинохара почина на 18 мај 2017 година на 105-годишна возраст и во своето наследство на целиот свет остави многу драгоцено знаење за неразбирливата тајна на долгиот живот.

Хинохара помогна и во воспоставувањето медицински правила, благодарение на кои Јапонците станаа еден од најдолговечните народи во светот. Скоро до неговата смрт, д-р Хинохара работел во болница, лекувајќи пациенти и предавајќи студенти на колеџ.

Ова се неговите десет златни совети за постигнување долг, здрав и квалитетен живот.

  1. Енергијата доаѓа од чувството добро, а не од здравото јадење и многу спиење.

„Сите се сеќаваме како како деца, забавувајќи се, често заборававме да јадеме или да спиеме. Верувам дека можеме да го задржиме тој став како возрасни. Најдобро е да не го заморувате телото со премногу правила, како ручек и спиење“, објаснува д-р Хинохара.

  1. Пазете се од дебелината!

Д-р Хинохара постојано нагласуваше дека луѓето кои немаат прекумерна тежина живеат до 100-тиот роденден, па затоа треба да внимавате на тежината и физичката состојба. Не треба да се грижите за исхраната, но сепак треба да внимавате да не се прејадувате.

На пример, за појадок пиел кафе, чаша млеко и сок од портокал со лажица маслиново масло. Тој верувал дека ова масло е одлично за крвта и кожата.

  1. Планирајте однапред!

Хинохара секогаш имал целосен распоред за една година однапред, па дури и планирал уште повеќе за во иднина. Така, како што рече, многу се радувал на Олимписките игри во Токио во 2020. За жал, не ги доживеал, но неговиот однос кон животот и плановите покажува колку бил оптимист, што е исто така многу важна ставка за долговечноста.

  1. Не мора да се пензионирате ако не сакате

„По 65-годишна возраст почнав да волонтирам. Подучувам и посетувам пациенти, дури и 18 часа на ден и уживам во секоја минута од мојата работа“, изјави Хинохара. Ако некој сака да работи повеќе – нека работи. Ако не сака нека се повлече и нека се посвети на тоа што сака да го работи.

  1. Споделете знаење и вештини со другите

Хинохара одржуваше околу 150 предавања годишно. Ги учеше сите – од деца на училиште до сериозни претприемачи и лекари. Тој секогаш стоеше додека зборуваше, а неговите предавања понекогаш траеја и по 90 минути. Тој велеше дека стоењето го прави посилен.

  1. Не верувајте во се што ќе каже докторот

Д-р Хинохара верувал дека лекарите не можат да излечат секоја болест и секој пациент. Тој им предложи на луѓето, кога лекар ќе препише терапија или преглед, да го прашаат дали истото ќе им го препорача на своите блиски. Ако одговорот е негативен, зошто да се изложувате на непотребен стрес и страдање? Тој верувал дека животните и музиката имаат големо влијание во лекувањето, многу повеќе отколку што мисли медицината.

  1. Секогаш користете ги скалите и носете го вашиот сопствен багаж

За да останете здрави и витални, заборавете на лифтот. Секогаш и секаде одете по скалите и обидете се да го носите вашиот багаж со вас. Цел живот, Хинохара одеше по скали и секогаш прескокнуваше едно по едно. Скалите и пешачењето се секојдневна вежба за вашето срце и тело.

  1. Инспирирајте се секој ден, најдете инспирација

Читајте, најдете писатели кои ве инспирираат во литературата. Хинохара го направи истото. Најинспиративна песна за него беше песната на Роберт Браунинг – Abt Vogler. Не мора да се држите само до литературата. Слушајте музика, уживајте во ликовната уметност, прошетајте во природа…

  1. Болката е мистериозна

Најефективниот начин за надминување на болката е преку забава. Кога детето ќе биде погодено, објасни Хинохара, ќе плаче додека неговото внимание не го окупира нешто друго. Тогаш ќе заборави на болката. Возрасните треба да го прават истото. Болката треба да се удави во забава! Тој веруваше дека во болниците треба да се носат кучиња за терапија и други животни, како и музика која ќе им помогне на пациентите да се справат со болката.

  1. Не собирајте материјални работи

„Не го трошете животот собирајќи материјални работи, бидејќи и онака нема да земете ништо со себе кога ќе умрете“, едноставно рече Хинохара во последниот од десетте златни принципи на долговечноста.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име