Дома Живот Снежна бура ги зафати Романија и Молдавија, има жртви: Вклучен е црвениот...

Снежна бура ги зафати Романија и Молдавија, има жртви: Вклучен е црвениот метео аларм, во некои делови нема струја

335
0

Снежна бура ги зафати Романија и Молдавија, има жртви: Вклучен е црвениот метео аларм, во некои делови нема струја
Најмалку едно лице загина денеска во Молдавија кога таа земја, како и соседна Романија, беа погодени од обилни снежни врнежи и силна снежна бура.

Како последица на невремето дошло до прекин на електричната енергија на десетици локалитети и затворање на одредени магистрални патишта, соопштија надлежните.
Четириесетгодишен маж загина во Молдавија откако неговото возило излетало од патот и удрило во дрво, соопшти полицијата, додавајќи дека до пладневните часови биле пријавени шест сообраќајни несреќи.


Во Романија е издаден црвен метеоролошки аларм за источните области Констанца, Тулчеа, Галати и Браила, каде се очекува ветерот да достигне брзина од 100 километри на час, соопшти Националната метеоролошка служба.

Службите за итни случаи објавија дека националните и локалните патишта се затворени во овие четири области, пренесува АП.
Според службите за итни случаи во окрузите Констанц и Браила, најмалку 69 локалитети останале без електрична енергија.

Снег Фото: EPA-EFE/Gyorgy Varga

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име