Дома Здравје Симптоми кои укажуваат на здравствени проблеми

Симптоми кои укажуваат на здравствени проблеми

3325
0

Ако нешто не е во ред со нашето тело, телото ќе ни каже. Сепак, често ги игнорираме овие сигнали, па симптомите може да прераснат во посериозен здравствен проблем.

Проблеми со спиењето, раздразливост, грчеви во нозете

Доколку страдате од овие проблеми, потребно е да консумирате повеќе храна богата со магнезиум и калциум како што се ленено семе, сончоглед, бадем, спанаќ, кељ, блитва, цвекло, сливи и кајсии.

Преголема желба за солена храна

Алармира за инфекција или воспаление некаде во телото, особено ако се работи за воспаление на урогениталниот тракт.

Сува кожа

На вашата кожа и треба повеќе витамин Е, па затоа треба да го зголемите внесот на растително масло, масна риба и коскесто овошје.

Прекумерна желба за слатки

Тоа може да биде знак дека вашиот нервен систем е исцрпен и на вашето тело му треба повеќе гликоза за енергија. Во моментите кога ќе почувствувате неодолива желба за слатко, изедете малку мед или темно чоколадо за да избегнете проблеми во гастроинтестиналниот тракт.

Крварење на непцата

Треба да пиете повеќе чај и да консумирате повеќе овошје бидејќи крварењето на непцата е знак за недостаток на витамин Ц. Богати извори на витамин Ц се лукот, овошјето и зеленчукот. Исто така, пијте повеќе чај.

Сува кожа на лактите

Тоа укажува на недостаток на витамини А и Ц. Јадете повеќе портокали, кајсии, моркови и тикви.

Зголемена желба за морска храна

Тоа укажува на недостаток на јод во организмот.

Голема желба за кисела храна

На вашето тело му е потребна храна која ќе ја стимулира работата на жолчката и црниот дроб. Додадете повеќе лимони и брусница во вашата исхрана.

Кршливи коса и нокти

Тоа укажува на недостаток на витамин Б и калциум. Консумирајте повеќе млеко, компири, мешунки, пченични никулци и житарки.

Прекумерна желба за сирова храна

Ако сакате сирова храна, тоа може да укажува на проблеми со црниот дроб или гастритис. Суровата храна ќе ги ублажи грчевите и ќе го смири желудникот.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име