Дома Здравје Секој ден – какао!

Секој ден – какао!

1201
0

Освен што овој вкусен напиток добро влијае на расположението и не опушта, научно е потврдено дека е исклучително корисен за жените во постменопауза.

Тримесечното истражување на група жени во постменопауза покажа дека сите оние кои секојдневно пиеле какао имаат многу помал ризик од срцев удар и коронарна срцева болест.

Имено, флаванолите (фитонутриенти од какаото) ја намалуваат вкочанетоста на крвните садови и го намалуваат крвниот притисок.

Освен што добро делува на срцето и крвните садови, какаото го регулира нивото на шеќер во крвта, ја поттикнува меморијата и концентрацијата, е моќен антиоксиданс и афродизијак.

Секако, се работи за вистинско, горчливо какао, а не за разни производи на база на какао кои имаат најмногу шеќер.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име