Дома Здравје Само еден симптом покажува дека имате заболување на црниот дроб

Само еден симптом покажува дека имате заболување на црниот дроб

1105
0

Несвесно го уништуваме црниот дроб со секојдневните навики, доколку не сте сигурни дали овој орган е во добра состојба, обрнете внимание на овој симптом, советуваат експертите.

Според експертите, ако чувствувате чешање ноќе, проверете го црниот дроб што е можно поскоро. Чешањето е поврзано со заболување на црниот дроб и има тенденција да се влошува доцна навечер и во текот на ноќта.

Експертите истакнуваат дека една од задачите на црниот дроб е преку жолчката да ги разградува и излачува материите кои не му се потребни на вашето тело. Ако тоа не успее, од која било причина, следниот орган што ќе се обиде да се ослободи од жолчните соли е кожата. Вака настанува чешање.

Чешањето поврзано со заболување на црниот дроб не предизвикува осип и најчесто се јавува на дланките и стапалата.

Се влошува навечер и поради жештините, за време на менструалниот циклус, ако земате хормонска терапија, сте бремени или кожата ви е во контакт со волна.

Други симптоми кои укажуваат дека црниот дроб е компромитиран може да вклучуваат абдоминална болка, повраќање, пожолтување на кожата, замор и проблеми со мускулите.

Симптоми предизвикани од замастен црн дроб

Во раните фази, замастен црн дроб не предизвикува компликации и сериозни болести, но ако земате значително поголемо ниво на маснотии од дозволеното, ризикувате да добиете дијабетес, срцев удар и мозочен удар.

Симптомите кои укажуваат на замастен црн дроб се:

болка во горниот десен абдомен,

замор,

слабост и

ненадејно губење на тежината.

Кога оваа болест напредува, доведува до цироза на црниот дроб, односно неможност црниот дроб да функционира правилно, а последиците може да бидат фатални. Доколку ги почувствувате овие симптоми, веднаш посетете лекар и проверете го вашиот црн дроб дали има масни наслаги.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име