Дома Твој готвач Салата од печен зеленчук – едноставен рецепт

Салата од печен зеленчук – едноставен рецепт

1095
0

Вкусен и ароматичен експеримент – зеленчукот го печеме во фолија, а потоа го комбинираме со црвен сладок кромид, миризливи билки и зачинет сос.

Оваа салата може да се сервира со скара – неспоредливо! Исто така, салатата се служи како додаток на свеж пита леб.

Состојки:

модар патлиџан – околу200гр,
бабури пиперки – 150гр,
црвен кромид – 80гр,
домати – 150гр,
лук – 2 чешниња,
копар, магдонос – по вкус,
сол, бибер – по вкус,
масло – 3 лажици,
вински оцет – 1 лажица,
шеќер – ½ лажиче

Процес на готвење:

Првото нешто што треба да направите е да го испечете зеленчукот. Вклучете ја и загрејте ја рерната, поставете ја температурата на 180 степени. Измијте ги бабурите и модариот патлиџан. Цврсто завиткајте го секој зеленчук во фолија, ставете го на решетка во рерната. Печете ги состојките 20-25 минути. По некое време, ставете го зеленчукот во тенџере, покријте го со капак, исто така можете да го ставите зеленчукот во затворена пластична кеса со патент, оставете да отстои 7-10 минути. За тоа време, зеленчукот ќе се „испоти“ како што треба.

На бабурата отстранете ја кората и семките. Исто и модриот патлџан.

Чистиот печен зеленчук исецкајте го и ставете го во подлабок сад.

Излупете ги и исецкајте ги кромидот и лукот многу ситно.

Следно, исечкајте ги доматите, префрлете ги во заеднички сад. Додадете зеленило во садот, магдонос, копар…

Додадете масло, вински оцет, сол, шеќер, бибер – сите зачини може да се менуваат за да одговараат на вашите преференци за вкус.

Измешајте сè, затворете со фолија за храна, ставете на ладно 1,5-2 часа за да се натопат сите состојки и да се маринираат.

Добар апетит!

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име