Дома Твој готвач РУЧЕК ЗА ДЕНЕС: Гулаш

РУЧЕК ЗА ДЕНЕС: Гулаш

863
0

Кога би се правеле тестови за тоа кое јадење најмногу ја загрева душата, тоа сигурно би бил гулаш. Зашто, кога ќе изедете една чинија од ова јадење и ќе ви се наполни стомакот, нема шанси вашата душа да остане рамнодушна.

Велат дека нема подобар гулаш од унгарскиот, но тие луѓе сигурно не ја увиделе предноста на финиот гулаш кој се подготвува сам:

Состојки:

500 грама телешко месо

200 грама печурки

2 големи главици кромид

2 црвени пиперки

2 чешниња лук

1 лажица доматно пре

1 литар супа

1 лажица мелена слатка пиперка

1 ловоров лист

1 лажица брашно

сол и бибер по желба

масло

Подготовка:

Испрпелајте ги коцките месо во брашно и пропржете ги во масло. Извадете го месото од маснотиите, оставете го на страна, а во истата маснотија ставете го кромидот и биберот исечкани на ситни парчиња да се динстаат. Додадете доматно пире, па измешајте сè. Додадете супа. Месото вратете го во тенџерето, па додајте ги сечканите печурки. Покријте го тенџерето и оставете го да се крчка нежно околу 2 часа.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име