Дома Твој готвач Ролни од цимет и чоколадо, ќе ве воодушеват…

Ролни од цимет и чоколадо, ќе ве воодушеват…

679
0

Кој би помислил дека класиката како циметните ролни може да стане уште подобра? Ако ја испробате оваа чоколадна верзија, сè ќе ви биде јасно.

Во потрага по совршени празнични десерти, циметот е состојка што мора да ја имате, а доколку се комбинира со тесто, на нашата среќа му нема крај!

Ролничките со цимет веќе долго време се наоѓаат на нашата листа на омилени слатки закуски со кафе или чај, а сега ви нудиме еден одличен чоколаден рецепт.

Состојки (за 12 ролни) :

За тестото:

500 гр брашно,

2 лажички какао,

85 гр шеќер,

250 мл млеко,

7 гр сув квасец,

65 гр путер,

1 јајце,

За полнење:

125 гр кафеав шеќер,

100 гр путер,

2 лажици мелен цимет,

100 гр чоколадо за готвење,

Прелив од крем сирење и какао:

100 гр крем сирење,

25 гр путер,

35 гр шеќер во прав,

1 лажичка какао,

30 мл млеко,

Подготовка:

Извадете ги крем сирењето и путерот од фрижидерот и оставете ги надвор да достигнат собна температура.

Од вкупната количина млеко одземете 50 ml, загрејте го малку, додајте лажичка шеќер и лажичка брашно (одземете ги од вкупната количина брашно и шеќер за тестото), додадете сув квасец, промешајте и оставете да отстои 5-10 минути за да се активира квасецот.

Тесто: во сад за мешање, ставете го брашното, додадете го шеќерот , 2 лажички какао и сè добро измешајте. Стопениот путер, млекото лесно загреано и јајцето и се додаваат во брашното. Додадете го нараснетиот квасец и замесете мазно тесто, тесто што не лепи за рацете (помогнете си со додавање брашно). Ставете го измесеното тесто во сад покриен со фолија и оставете го тестото да се нарасне на собна температура помеѓу еден и два часа.

Во меѓувреме подгответе го филот. Стопете го путерот и додадете го шеќерот и циметот. Чоколадото грубо исецкајте го со нож.Нараснатото тесто на лесно набрашнета работна површина развлечете го во квадрат со дебелина од 0,5 см. Тестото премачкајте го со филот и формирајте ролат. Со остар нож исечете 12 еднакви ролни (дебели 3,5-4 см). Наредете ги ролатите во сад за печење премачкан со путер, покријте ги со фолија и оставете ги да стасаат уште 1-2 часа.

Ставете го во загреана рерна на 180 °C и печете околу 30 минути. Извадете ги од рерна и оставете ги малку да се изладат (додека не станат млаки).

Направете го преливот на следниов начин: убаво измешајте го крем сирењето и омекнатиот путер (може да го загреете и на кратко во рерна). Додадете го шеќерот во прав, какаото и на крај додадете го млекото и уште еднаш убаво се соединете. На крај прелијте ги ролните со цимет и послужете веднаш.

Наздравје…

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име