Дома Твој готвач Рецепт за топло чоколадо кое грее и во најстудените денови

Рецепт за топло чоколадо кое грее и во најстудените денови

564
0

Рецепт за топло чоколадо кое грее и во најстудените денови

Во топлото чоколадо можете да додадете колачиња со цимет и мини бел слез

Топлото чоколадо на многумина им е омилен пијалок во есенските и зимските денови, а покрај задоволството за непцето, неколку голтки од оваа кремаста конфекција ќе обезбеди заштита на кардиоваскуларниот систем, ублажување на кашлицата и смирување на стомачните тегоби.

Има многу причини за една чаша топло чоколадо, исто како што постојат рецепти во кои стручните познавачи користат чоколадо со највисок квалитет, додека додатоците како цимет, чили или ѓумбир се добредојдени доколку сакате да ја подобрите лековитата нота.

Состојки за топло чоколадо:
150 g чоколадо со 60% какао
200 мл полномасно млеко
200 мл слатка павлака
една мала лажица кафеав шеќер
прстофат сол
по желба малку цимет
по желба колачиња од бел слез

Подготовка на топло чоколадо:

Чоколадото исечкајте го на што помали парчиња. Измешајте ги млекото и павлаката и истурете ги во тенџере и ставете да се варат на средна температура.
Штом смесата ќе зоврие, прелијте ја со сечканото чоколадо и мешајте додека не добиете густа кремаста смеса, доколку се формираат грутчиња нежно кршете ги со жица за матење.
На крајот, додадете нотка сол што ќе го подобри вкусот на чоколадото и малку цимет ако сакате.

Совет: Во топлото чоколадо наместо цимет, додадете малку морско оревче, рендан свеж ѓумбир или чили во прав.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име