Дома Твој готвач Рецепт за највкусното МЕДЕНО СРЦЕ (рецепт)

Рецепт за највкусното МЕДЕНО СРЦЕ (рецепт)

902
0

Рецепт за највкусното МЕДЕНО СРЦЕ (рецепт)

Ги мешате сите состојки, печете, прекривате со џем и глазура и ете ја, најубавата домашна торта во која ќе ужива целото семејство.
Нема ништо поубаво од домашните колачи на кои секоја домаќинка додава многу љубов додека ги подготвува.

Се чини дека нема човек кој не го сака „Honey heart“ – меденото срце , а домашната верзија на оваа торта е многу поубава и повкусна од онаа купена во продавница.
Ви препорачуваме веднаш да направите двојна мерка, бидејќи брзо исчезнува од чинијата.
Многу лесно се прави, само треба да ги измешате состојките и да ја испечете тортата, па да ја премачкате со омилениот џем од кајсии и чоколадна глазура.

Компоненти:

2 чаши брашно

1 чаша шеќер

2 лажички цимет

1 кесичка сода бикарбона

1 чаша вода

4 лажици џем од кајсии + за премачкување на колачот по желба

200 гр чоколадо

малку масло или маргарин

Подготовка:

Во сад измешајте ги брашното, циметот, шеќерот и сода бикарбоната , а потоа додадете ја водата и џемот.

Кога се убаво ќе измешате, истурете го во плех и печете околу половина час на 200 степени.

Кога тестото е готово, премачкајте го со врелиот џем и оставете го да се излади.

Потоа направете ја глазурата така што ќе го стопите чоколадото и ќе додадете масло и маргарин.

Кога глазурата е готова, премачкајте ја преку колачот и оставете да се излади.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име