Дома Твој готвач ПЧЕНКАРНИОТ ЛЕБ Е ЛЕК ЗА ЦЕЛОТО ТЕЛО (рецепт)

ПЧЕНКАРНИОТ ЛЕБ Е ЛЕК ЗА ЦЕЛОТО ТЕЛО (рецепт)

1013
0

ПЧЕНКАРНИОТ ЛЕБ Е ЛЕК ЗА ЦЕЛОТО ТЕЛО (рецепт)

Сите сакаме добар леб, а нема ништо поубаво кога е свежо печен, особено ако е домашен.

Членови:

0.5 кг пченкарно брашно

0.5 кг меко бело брашно

коцка свеж квасец

2 лажици мед

1 лажица масло

малку сол

Подготовка:

  1. Прво растворете го квасецот во малку топла вода. Во малку топла вода додадете растопен мед, 2 лажици бело брашно и 1 дл вода. Сето тоа измешајте го и оставете го на топло место да нарасне.
  2. Во меѓувреме прелијте го пченкарното брашно со зовриена вода и убаво измешајте.
  3. Кога ќе стане млако, на даска измешајте го со мекото брашно.
  4. Сега додадете го малку нараснат квасецот, лажица масло и сол.
  5. Се заедно измешајте да добиете тесто – хомогено.
  6. Подмачкајте го калапот и ставете го тестото во него. Тестото треба малку да се подигне над работ на калапот.
  7. Печете 40 минути на 250 степени. После тоа намалете ја температурата на 200, печете околу еден час и не ја отворајте рерната.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име