Дома Твој готвач Пробајте нешто ново: Џем од костен

Пробајте нешто ново: Џем од костен

1013
0

Неодолив намаз кој ќе ви го подобри расположението уште на првиот залак.

Состојки:

1 кг костени,

1 кг шеќер,

1 стапче ванила.

Подготовка: Прво испечете ги малку костените во рерна, па излупете ги додека се уште се топли. Во тенџере ставете ги исчистените костени и прелијте ги со ладна вода. Гответе 30 до 40 минути додека не омекне.

Потоа, процедете ги костените и изгмечете ги. Додадете го шеќерот во топлото пире што ќе го добиете. Во тавче ставете го засладеното пире (за половина килограм пире одат три лажици вода).

Додадете го стапчето ванила и мешајте на умерен оган додека смесата не се згусне.

Кога џемот ќе се згусне, тргнете го од оган, извадете го стапчето од ванила, ставете го џемот во тегла и чувајте го на ладно место

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име