Дома Твој готвач Посни тријаголници без масло (рецепт)

Посни тријаголници без масло (рецепт)

2753
0

Посна пита со печурки може да се подготви и без масло – еве го рецептот!

Состојки:
пакување шампињони
1/2 главица кромид
1/2 праз
1 чаша мелени домати
кори за пита
сол
бибер
мешавина на зачини
оригано
вода

Постапка:

Кромидот, празот и печурките ситно исечкајте ги.

Истурете чаша мелен домат во керамичка или тефлонска тава и врз неа пропржете кромид, праз и печурки, додадете зачини по вкус.

Кората исечкајте ја на 3 подолги ленти и наредете една врз друга, а меѓу нив премачкајте со вода, кечап или мелени домати.

Третата кора премачкајте ја со подготвената смеса и свиткајте ја во форма на триаголник.

Наредете ги триаголниците на хартија за печење во рерната.

Печете додека не порумени на 200 степени.

Кога ќе се испечат покријте ги со влажна крпа да омекнат.

Послужете ги со сос од домати благ или лут во зависност од вкусот.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име