Дома Твој готвач Подгответе „ранч“ сос кој одлично оди со крцкавиот зеленчук, а на децата...

Подгответе „ранч“ сос кој одлично оди со крцкавиот зеленчук, а на децата ќе им се допадне

369
0

За овој сос сигурно сте слушнале од серии и филмови, а не е тешко да се направи

Сосот „Ранч“ е популарен во Америка и најчесто се јаде со сиров, крцкав зеленчук или како прелив за салата.

Покрај тоа што е вкусен и брзо се прави, тој е и поздрава опција од класичните сосови како мајонез и кечап. Дополнително, бидејќи кај нас тоа не е толку вообичаено, на децата сигурно ќе им биде интересен нов вкус , а ако послужите зеленчук со него, ќе добиете одлични и здрави грицки .

Состојки

100 гр матеница
60 гр лесен мајонез
2 супени лажици свеж или сушен копар
1 лажица сок од лимон
1 лажица сенф
1 лажица мед
половина кафена лажичка гранулиран лук
прстофат сол
суров зеленчук по избор: морков, пиперки, краставица, чери домати, целер…

Подготовка

Послужете го зеленчукот исечен на стапчиња, а останатите состојки измешајте ги во сад додека не се соединат, па префрлете ги во поплиток сад во кој ќе се натопи зеленчукот.

Овој рецепт е исклучително едноставен , а консумирањето на сиров зеленчук ќе го направи вкусно и примамливо, а на овој начин децата ќе можат да уживаат и во здрава ужина, покрај многуте хранливи материи !

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име