Дома Твој готвач Подгответе крцкави плескавици од леќа со сос од јогурт

Подгответе крцкави плескавици од леќа со сос од јогурт

963
0

Крцкави, здрави и вкусни – тие зборови би ги искористиле за да ги опишеме пржените плескавици од леќа!

Кафеава, зелена, жолта, црвена или црна леќата е нискокалорична храна, богата со железо и одличен извор на протеини. Освен што е здрава, леќата е и многу вкусна, прифатлива и лесна за подготовка.

Подолу е рецепт за крцкави и здрави пржени плескавици од леќа во ароматичен сос од јогурт.

Состојки:

1 лажичка маслиново масло
½ кромид, ситно исечен
2 чешниња лук, ситно сецкани
2 лажички крупно мелени семки од ким
200 гр црвена леќа (1 чаша)
650 ml вода
2 јајца
100 гр брашно
Ситно рендана кора од лимон
Сончогледово масло, за пржење
Трошки од леб (по избор)

За сосот:

1 јогурт (250 g)
1 помала краставица, изрендана
2 лажици сечкано свежо нане
Мелено лукче
прстофат сол

Подготовка:

Загрејте го маслото во тенџере на средна температура, додадете го кромидот и лукот и динстајте додека не омекне.
Промешајте ги зачините и пржете додека не помириса (30 секунди), потоа додадете ја леќата и 650 мл вода, динстајте, поклопете и варете додека леќата да омекне и да се впие течноста, околу десет минути. Префрлете го во сад да се излади.
Во меѓувреме подгответе го сосот: во сад измешајте ги јогуртот, краставицата, нането, лукот и солта. Оставете го на страна.
Измешајте ги јајцата во изладената зготвена леќа, потоа брашното и кората од лимон и зачините по вкус.
Загрејте го маслото во тава на средна топлина. Кога маслото ќе се загрее, додадете ја обликуваната леќа од смесата со леќата (по желба можете да ја виткате во трошки од леб, за дополнителна крцкавост) и печете, повремено превртувајќи ги до златно кафеава боја, до три минути.
Послужете ги топли, со ароматичен сос од јогурт.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име