Дома Твој готвач Плескавици од зеленчук

Плескавици од зеленчук

795
0


Плескавиците од зеленчук се лесни за подготовка и многу вкусни.

Состојки:

  • 450 гр зеленчук мешавина (моркови, грашок, пченка)
  • 250 гр црвен грав (мала конзерва)
  • 3 компири
  • 1 јајце
  • 10 лажици брашно
  • лебни трошки

Подготовка:

Исецкајте го зеленчукот на коцки и сварете го во солена вода, а потоа исцедете го. Излупете ги компирите и сварете ги во солена вода. Исцедете го гравот од конзервата.

Исцедете го варениот компир и изрендајте го а потоа додадете едно јајце, зеленчук, грав и додадете брашно додека мешате.

Смесата треба да биде густа за да може да се обликува рачно.

Потоа обликувајте плескавици со влажни раце, превртете ги во лебни трошки и пржете ги во врело масло.

Пржете ги од двете страни додека не поруменат. Предлог за Шницли од компир

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име