Дома Твој готвач ПИТА СО ЈАБОЛКА СО ГОТОВИ КОРИ: Посен деликатес готов за еден час

ПИТА СО ЈАБОЛКА СО ГОТОВИ КОРИ: Посен деликатес готов за еден час

1369
0

Рецепт традиционален и доста познат кај нашите домакинки, нека го практикуваат и помладите генерации….
Рецептот за пита со јаболка со готови кори ќе ве воодушеви. Брзо се подготвува, а уште побрзо се јаде.

Состојки:

1 кг јаболка
4-6 лажици шеќер
10 гр ванилин шеќер
3 лажици гриз
1 лажичка цимет
500 гр кора за пита
70 мл масло
70 ml вода

Подготовка: Јаболката се лупат и се рендаат, па се додаваат шеќерот, гризот, циметот и ванилиниот шеќер, па се меша. Во еден сад измешајте вода и масло. Поделете ги корите така што ќе добиете 4 ролати (приближно ќе добиете 2 ролати со по 3 кори и 2 ролати со по 4 кори). Намачкајте ја кората со масло и вода, а одозгора ставете ја втората кора. Повторете го процесот со кора или две. Последната кора не треба да се премачка, туку врз неа да се ставаат рендани јаболка и да се виткаат во ролна. Ролатите наредете ги на плех обложен со хартија за печење. Питата можете да ја исечете веднаш или по печењето. Се пече во загреана рерна на 220°C околу 20 минути. Почекајте да се излади, па посипете го со шеќер во прав.

Извор: Готвење

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име