Дома Здравје Петминутна едноставна вежба за ослободување од стресот

Петминутна едноставна вежба за ослободување од стресот

801
0

Стресот е термин кој денес се почесто се користи, а за многумина ја одбележа 2020 година. Стресните ситуации го нарушуваат психофизичкото функционирање на луѓето, па затоа не е чудно што кога сме под стрес не можеме нормално да ги извршуваме нормалните активности.

Со оглед на тоа што целосно влијае на човекот и на човечкото тело, не е чудно што стресот влијае на дишењето. Имено, во стресни ситуации, дишењето на човекот е плитко.

Инструкторката по јога и учител по медитација Пилин Анис за МБГ сподели едноставна и кратка вежба која помага да се ослободи од стресот и да се движи телото. Тајната на оваа вежба е во таканареченото „дишење со три дела“ и движењата на рацете кои го стимулираат симпатичкиот нервен систем и на тој начин го зголемуваат нивото на кислород во крвта.

Оваа едноставна вежба можете да ја правите во секое време од денот, во моменти на голема напнатост, доколку се разбудите среде ноќ, но Анис препорачува денот да го започнете со оваа вежба за да ја поминете поенергично и помирно.

Вежба за ослободување од стрес

Застанете исправено, стапалата на ширина на рамената и паралелни една со друга. Рацете се спуштени по телото, а колената се благо свиткани.

Вдишете 1/3 од капацитетот на белите дробови преку носот и кренете ги рацете пред вас, рамни со рамениците и паралелно едни со други.

Вдишете 2/3 од капацитетот на белите дробови преку носот. Раширете ги рацете како крилја и држете ги на ниво со рамената.

Вдишете целосно. Подигнете ги рацете над главата така што тие ќе бидат паралелни една со друга, а дланките се свртени една кон друга.

Отворете ја устата и издишете целосно со ослободување на „HAAA“ од устата. Свиткајте ги колената дополнително, навалете го торзото напред така што градите ќе ги допираат колената, а рацете ќе се спојат позади.

Анис нагласува дека е важно да го пронајдете сопственото темпо, да работите во мир и да не се напрегате на кој било начин. Исто така, ако сте имале повреди на главата или очите, не треба да ја правите вежбата и треба да престанете да ја правите ако почнете да чувствувате вртоглавица.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име