Дома Здравје Одличен начин да се ослободите од болките во вратот…

Одличен начин да се ослободите од болките во вратот…

897
0

Болката во вратот е најчестиот вид на болка што човекот ја доживува во животот.

Вистина е дека некои причини за болка во вратот се надвор од ваша контрола. Од друга страна, постојат многу начини на кои можете да го намалите ризикот.

За почеток, важно е да го погледнете начинот на кој спиете.

Постојат две пози за спиење кои ја намалуваат болката во вратот и грбот.

Доколку спиете на грб, изберете заоблена перница која ќе ја следи линијата на вратот, тоа може да се постигне и со ставање на мала перница во форма на валјак или со помош на специјална перница која има вградена потпора за вратот.

Обидете се да користите перница со пердуви што лесно ја следи линијата на вашиот врат или перница од мемори пена што одговара на контурите на вашата глава и врат. Избегнувајте користење на превисока или тврда перница, која ве спречува да го свиткате вратот преку ноќ, што може да резултира со утринска болка или вкочанетост.

Ако спиете на страна, држете го ‘рбетот исправен и користете перница што ќе ги држи ‘рбетот и главата во иста рамнина.

Кога се возите во авиони, возови и автомобили или само гледате телевизија, перницата од потковица може да ви го поддржи вратот и да спречи вашата глава да падне на страна, што исто така може да предизвика болка и вкочанетост. Сепак, перницата не треба да биде преголема за да не ви го турка вратот нанапред, поради што повторно ќе почувствувате болка.

Ако спиете на стомак, тоа лошо влијае на ‘рбетот затоа што грбот е искривен, а вратот е свртен на страна.

Обидете се да ја започнете ноќта спиејќи на грб или на страна, во добро поддржана и здрава положба.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име