Дома Здравје Оваа храна ќе го зачува вашиот вид

Оваа храна ќе го зачува вашиот вид

552
0

Се поголем број на студии сугерираат дека здравата и урамнотежена исхрана е еден од факторите кои влијаат на здравјето на очите, видот и ризикот од развој на голем број болести. Подолу ви откриваме каква храна треба да консумирате за да ги заштитите очите.

Пченка

Резултатите од студијата објавена во „Журнал за земјоделска храна и хемија“ откриваат дека пченката може да го намали ризикот од оштетување на видот, благодарение на високата содржина на лутеин и зеаксантин.

Кељ

Кељот е исто така одличен извор на зеаксантин. Овој антиоксиданс го намалува ризикот од оштетување на видот и ги штити очите од негативни надворешни фактори како што се сончева светлина, чад од цигари и загадувачи на воздухот.

Спанаќ

Само една чаша спанаќ содржи нешто повеќе од 20 милиграми лутеин и зеаксантин. Телото многу полесно ќе може да апсорбира лутеин.

Лук

Ја стимулира циркулацијата на крвта, го зајакнува имунитетот и го намалува ризикот од низа болести, вклучително и болести на окото.

Брокула

Освен што е одличен извор на лутеин и зеаксантин, брокулата содржи и бета каротен и витамин Ц. Поради овие нутриционистички соединенија, брокулата е одлична за спречување на низа болести на очите.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име