Дома Здравје Не го игнорирајте акутниот синузитис

Не го игнорирајте акутниот синузитис

498
0

Акутниот синузитис најчесто го предизвикува настинката, а други причини се бактериите, алергиите и габичните инфекции. Се карактеризира со отежнато дишење преку нос, отекување на лицето и пределот околу очите, а може да се јави и болка во лицето или главоболка. Германските оториноларинголози предупредуваат зошто не треба да се игнорира акутниот синузитис.

Течење на носот во комбинација со болка или чувство на притисок на лицето може да биде показател за синузитис, состојба која се карактеризира со воспалени или отечени синуси, велат оториноларинголозите.
Таквата болка генерално се зголемува кога човек ќе ја наведне главата надолу, а доколку трае подолго од три дена или се појави треска, најдобро е да се обратите на лекар, советува Германското здружение на оториноларинголози.

Доколку ова акутно воспаление не се излечи целосно, постои можност да се повтори, предупредуваат лекарите. Синузитисот се дефинира како хроничен ако се јавува повеќе од четири пати годишно или трае подолго од три месеци. Првите симптоми се блокирани синуси и назални пасуси. Во таква влажна и слабо проветрена средина, патогените микроорганизми брзо се развиваат, што може да доведе до воспаление.

Оваа состојба може да биде предизвикана од инфекција, но и од назални абнормалности како што се израстоци или неправилен назален септум. Ако не се лекува навреме, акутниот синузитис може да предизвика сериозни компликации.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име