Дома Живот Нашите баби не го фрлале пепелот, еве зошто

Нашите баби не го фрлале пепелот, еве зошто

1337
0

Пепелта добро ги отстранува непријатните мириси во станот и во фрижидерот, а делува слично како и оцетот што го оставате да ја „отстрани“ аромата на некоја застоена храна.

Кога дрвото гори, многу луѓе веднаш го фрлаат пепелот од шпоретот, не ни сфаќајќи колку всушност може да биде корисен во домаќинството.

Земјоделците многу добро знаат колку пепелта од дрво може да биде добра за почвата, па често ја користат како ѓубриво и за зголемување на киселоста на почвата. Посебно е добар за растенијата кои сакаат калциум, како што се доматите, спанаќот, лукот и розите. Пред да ги засадите овие растенија, додадете четвртина чаша пепел од дрво во почвата.

Исто така, кога ќе го измешате пепелот со вода и ќе го оставите да отстои неколку дена, а потоа ќе го процедите. Одличен е за чистење облека, подови, сребрени садови, ‘рѓа од мермерни површини. Малку подебела верзија на пепел и вода во форма на паста може да ги отстрани дамките од мебелот. Исто така, како сапун е одличен за оние со мрсна коса.

Пепелта добро ги отстранува непријатните мириси во станот и во фрижидерот, а делува слично како и оцетот што го оставате да ја „отстрани“ аромата на некоја застоена храна.

Одредени штетници, како што се полжавите и разните инсекти, не поднесуваат пепел, па многу лесно ќе се ослободите од нив со помош на овој „отпад“. Истото важи и за мравките – посипете го мравјалникот со пепел и мравките веднаш ќе си заминат. Корисно е да посипете малку пепел во аглите на подрумот, бидејќи на тој начин ќе ги избркате глувците, бубашвабите и другите штетници

Сепак, има заслуги во себе и би било пожелно да не го фрлаат повеќе. Ставете го во поголема канта, за да ви биде секогаш при рака.

Пепелта исто така може да помогне во одржувањето на вашите миленици без болви. Направете паста од пепел и оцет и помазајте ги вашите животни. Сметајте дека ќе мора да ги капете по овој третман.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име