Дома Здравје Млеко без лактоза – добро или лошо за вашето здравје?

Млеко без лактоза – добро или лошо за вашето здравје?

735
0

Помина времето кога можевме да купуваме само млеко со поголем или помал процент на маснотии … Денес, млекопроизводителите го нудат истиот напиток без лактоза затоа што се повеќе луѓе не го толерираат овој млечен шеќер.

Кое е млеко без лактоза?
Лактозата е шеќер кој се наоѓа во кравјо млеко, а во нешто помали количини во козјо и овчо млеко. Млекото без лактоза можеби не е вистинското име бидејќи во повеќето случаи не се отстранува од млекото, но во процесот се додаваат ензими (лактаза).
Млекото без лактоза се разликува од обичното млеко по тоа што содржи веќе разградена лактоза. Тоа е процес во производството со помош на ензимот лактаза. Ензимот лактаза, што им недостасува на луѓето со нетолеранција на лактоза, ја разградува лактозата во форми на шеќер што телото може да ги свари.
Можеби по сите овие информации се прашувате дали млеко без лактоза е добро или лошо за вас? Постојат некои докази кои укажуваат на придобивките од конзумирање на млеко без лактоза.

Нетолеранција на млечен шеќер или лактоза се манифестира со дигестивни проблеми како грчеви, надуеност, гасови и понекогаш дијареја по консумирање млеко или млечен производ.
Млекото без лактоза го има истиот хранлив профил како и оној што го содржи, така што ќе можете да сметате на доволен внес на витамини, минерали, калциум и протеини.

Истражувањата покажаа дека диетата што вклучува употреба на млечни производи со малку маснотии е погодна за намалување на крвниот притисок и ги намалува шансите да заболитеод дијабетес.
Покрај овие придобивки, се споменуваат и одредени негативни аспекти . Имено, лактозата е природен шеќер, затоа се претпоставува дека производителите на млеко без лактоза би можеле да додадат шеќер во млекото, иако се верува дека распаднатата лактоза има подеднакво сладок вкус.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име