Дома Твој готвач Мини погачици со сирење

Мини погачици со сирење

1638
0

Ако сакате брзи солени грицки кои ќе се топат во уста, тогаш ова е рецептот за вас.


Нашите баби ги имаа најдобрите рецепти, особено кога станува збор за тестото. Тие не комплицираа многу, ниту користеа многу состојки. Ова е токму еден таков рецепт. Погачиците со сирење се класика што повеќето ја обожаваат како вкусна закуска со фин намаз или салама.

Самата подготовка ќе ви одземе околу 20 минути; тестото мора да отстои малку во фрижидер, а кога ќе се испечат ќе ги изедете за пет минути.


Состојки:
300 гр. брашно,
250 гр. урда,
150 гр. путер,
2 жолчки,
1 лажичка сол,
1 прашок за пециво,
сусам и 1 жолчка за премачкување,


Подготовка:
Во сад ставете го брашното и прашокот за пециво. Промешајте.
Извадете го путерот од фрижидер и изрендајте го во брашно. Потоа додадете ја исцедената урда, жолчките и солта.

Измешајте ги состојкитедодека не добиете топка тесто.
Потоа тестото ставете го на набрашнета површина, виткајте го во коцка и преклопете го четири пати. Повторете го ова неколку пати.


Завиткајте го тестото во проѕирна фолија и ставете го во фрижидер еден час.

Основата набрашнете ја, развлечете го тестото со дебелина од еден см и со чаша за ракија исечете кругови. Наредете ги во плех и премачкајте ги со жолчка и посипете ги со сусам.
Печете ги во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име