Дома Здравје Медитерански зачин кој спречува надуеност

Медитерански зачин кој спречува надуеност

710
0


Дали користите ким во кујната? Ова лековито растение се користи повеќе од 4.000 години. Има многу лековити својства, па затоа не е чудно што се користел како лек во древниот Египет.

Расте во областа од источниот Медитеран до Азија, а особено во Индија, која е нејзин најголем производител. Кимот е незаменлив дел од индиските кари и многу други интернационални јадења.

Поточно, во готвењето се користат семки од ким, кои имаат зачинет сладок вкус со траги на горчина, а кој многу наликува на анасон. Кимот е исто така многу силен зачин, затоа користете го умерено.

Во блискоисточната кујна, кимот се додава во сите јадења со грав и наут. Главната причина? Ја спречува надуеноста и ветровите предизвикани од конзумирањето на овие мешунки. Вечерта пред готвењето задолжително ќе го натопат гравот, а потоа ќе додадат малку ким при готвењето.

Доколку имате проблеми со надуеност и ветрови, можете да ја испробате и техниката на џвакање прстофат семки од ким неколку пати на ден со претходна консултација со вашиот лекар.

Некои истражувања покажаа дека семките од ким ја стабилизираат цревната флора и можат да помогнат во лекувањето на гастроинтестиналните нарушувања, да го спречат растот на лошите и да го поттикнат растот на добрите бактерии.

Кимот може да се најде на пазарот во специјализирани продавници за зачини или продавници за здрава храна во форма на семки или прав.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име