Дома Твој готвач Мафини со мандарини

Мафини со мандарини

1413
0

Сочни мафини со мандарини, се вистински избор во овој период од годината…

Состојки:

(за 6 мафини)

  • 1 поголемо јајце
  • 3 мандарини
  • 60 гр шеќер
  • 60 мл масло
  • 60 мл млеко
  • 60 гр јогурт
  • 170 гр брашно
  • половина кесичка прашок за пециво
  • дополнителен шеќер за печење

Подготовка:

Измешајте го јајцето со шеќерот. Потоа додадете го маслото и повторно добро измешајте, а потоа јогуртот и млекото.

Измешајте го брашното со прашокот за пециво, а потоа додадете го во садот со смесата. Мешајте додека не добиете мазна смеса.

Мандарините излупете ги и пресечете ги на половина.

Во калапот за мафини ставете ги хартиените корпи и на дното на секоја корпа посипете малку шеќер.

Во корпичките ставете ги половините од мандарина.

Потоа додадете ја смесата за мафини врз мандарините. Се пече околу 20 минути во загреана рерна на 180 степени.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име