Дома Здравје Маслото од алое вера – благодет за здравје и убавина!

Маслото од алое вера – благодет за здравје и убавина!

615
0

Маслото од алое вера е најефективниот начин за младешкиот изглед на кожата – нејзиниот сјај, затегнатост, здравје, но и за убавиот и негуван изглед на косата.

Еве како можете да го користите ова масло…

За осветлување на тенот

Алое Вера содржи алоезин, соединение кое влијае на тонот на кожата. Ова соединение го блокира производството на меланин за да ја осветли бојата на кожата. Познато е дека УВ зраците влијаат на формирање на темни дамки и пигментација. Локалната примена на маслото од Алое Вера може да помогне да се намали интензитетот на овие дамки. Комбинацијата од кокосово масло и масло од алое вера е најефективниот третман за осветлување на тенот.

Против комарци

Мешавина од масло од алое вера и маслиново масло на кожата се користи локално како многу ефикасен лек против комарци. На оваа тема се направени бројни истражувања, а докажано е дека маслото од Алое Вера во комбинација со маслиново масло создава слој на кожата кој е многу отпорен за комарците.

Ги отстранува акните од лицето

Истражувањата покажаа дека маслото од алое вера може да помогне во намалувањето на лезиите на акните на лицето. Антибактериските својства на маслото од Алео Вера се одговорни за третман на хронични и тешко воспалени акни на лицето. Маслото од алое вера може да се комбинира со масло од чајно дрво за да се намали секрецијата на себум и да се потисне развојот на бактерии кои предизвикуваат акни.

Го стимулира растот на косата

Алое Вера е еден од најпопуларните домашни лекови за борба против опаѓањето на косата и сувиот скалп. Лисјата од алое вера и нејзиното масло може да се користат на сув скалп, како и на оштетени врвови и коса која го изгубила својот сјај поради боење. Маслото од алое вера ја одржува pH рамнотежата на скалпот и го спречува опаѓањето на косата.

Ги елиминира стриите

Стриите се еден од непожелните аспекти на бременоста. Тие се јавуваат и поради хормонална нерамнотежа и нагло зголемување на телесната тежина. Маслото од алое вера во комбинација со носач на масло се смета за најприроден и најефикасен начин за борба против стриите.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име