Дома Здравје Лош здив и покрај редовно миење заби?

Лош здив и покрај редовно миење заби?

852
0

Повеќето луѓе знаат дека добрата орална хигиена значи миење заби и конец, но што е со јазикот?

Лошиот здив, медицински наречен халитоза, е проблем со кој секој од нас се сретнал барем неколку пати во животот, по сопствен пример или во секојдневните средби со други луѓе.

Во повеќето случаи тоа е резултат на лоша орална хигиена, но може да биде знак и за некои други здравствени проблеми.

Устата е дом на лоши и добри бактерии. Тие се акумулираат не само на забите, туку и на јазикот. Лошите бактерии, особено Helicobacter Pylori, се една од главните причини за лош здив. H. Pylori претежно живее на јазикот, па секогаш кога ќе ги миете забите, четкајте го јазикот. Ако можете, четкајте ги забите два до три пати на ден. Со оглед на тоа што бактериите предизвикуваат сува уста, дополнителен совет за лошиот здив е да пиете повеќе течности, пишува 100posto.hr.

Ако ниту четкањето на забите ниту јазикот не помага, време е да посетите лекар.

Причината за лош здив, имено, може да биде во респираторниот тракт или стомакот.

Најдобрата прва помош против лошиот здив е џвакањето мастика или распрскувачи за во уста. Но и тука има замка. Имено, гуми за џвакање кои содржат шеќер нема да ви помогнат, па затоа треба да внимавате да ги купувате оние без додаден шеќер.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име