Дома Родители и деца Лоша навика на родителите која ги прави децата депресивни

Лоша навика на родителите која ги прави децата депресивни

2079
0

Неодамна кинеските научници дојдоа до неверојатно откритие кое директно го поврзува користењето на мобилниот телефон на родителите со депресијата на нивните деца.

Користењето паметни телефони стана наше секојдневие, но лекарите предупредуваат дека се уште не ги сфаќаме доволно сериозно вистинските последици од овој глобален проблем.

Родителите кои ги игнорираат своите деца и го поминуваат поголемиот дел од своето време на нивните паметни телефони наместо да обрнуваат внимание на нив, може да ги изложат своите деца во ризик од депресија, велат експертите.

Кинеските научници кои проучувале 530 ученици на возраст од 10 до 18 години за да видат дали се жртви на запоставување на родителите поради користењето на телефонот, дошле до неверојатно откритие.

Имено, децата чии родители биле опседнати со телефонот покажале повисоки симптоми на депресија при пополнување на прашалникот од оние чии родители не користеле често мобилни телефони дома.

„Родителското игнорирање е се почеста појава во која родителите ги користат своите мобилни телефони во интеракции со своите деца, а во овој случај децата се чувствуваат исклучено“, објаснуваат научниците во студијата објавена од „Журнал“.

Што покажува истражувањето?

Така, примерите за родителско игнорирање вклучуваат редовно проверување на телефонот за време на оброците и можноста тие секогаш да можат да го видат екранот и она што им доаѓа. Кинеската студија побарала од учениците да пополнат прашалник, а потоа да ги рангираат нивните перцепции за родителската топлина и отфрлање, а децата кои учествувале во истражувањето биле на возраст меѓу 10 и 18 години.

Прашалникот вклучуваше различни прашања за да се проценат навиките за користење на мобилни телефони на нивните родители, а кога лекарите ги оценија овие податоци, открија дека колку повеќе време родителите поминуваат на нивните паметни телефони околу нивните деца, толку е поголема веројатноста децата да развијат депресија или други анксиозно растројство.

Децата на родителите кои биле „врзани за нивните телефони“ се чувствувале лошо, отфрлени и добивале помалку внимание од нивните родители, за кои сметале дека се повеќе заинтересирани да гледаат во екраните отколку во нив, тврдат експертите.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име