Дома Твој готвач Летно освежување: Вкусни коцки мраз во бои

Летно освежување: Вкусни коцки мраз во бои

600
0

Покрај тоа што имате оригинални и различни фотографии за Инстаграм, ќе уживате и во новиот вкус на безалкохолен пијалок. Продолжете да читате, ви донесуваме неколку предлози како да ги направите овие коцки мраз.

Сè што ви треба е калап за мраз – покрај коцки, денес има и такви во форма на срца, sвезди и многу други форми, а може да импровизирате со состојките засновани на она што моментално го имате во кујната.

Сега најактуелни се оние со овошје, а во текот на летото нема потреба да додаваме шеќер или вештачки ароми на коцките, кога можеме да најдеме сè во свежа форма. Банани, јагоди, боровинки, цреши, вишни, дињи, ананас – исечете го овошјето по ваш избор на мали парчиња и ставете го во калап. Можете исто така да додадете малку вода за да го наполните калапот до врвот, и можете да го оставите само овошјето да се замрзне.

Постои и трет начин на подготовка – треба да направите овошно пире од избраното овошје и потоа да додадете малку течност во него – наша препорака е јогурт.

За љубителите на кафе, предлагаме да додадете коцки кафе во вашиот омилен утрински пијалок. Вечер пред спиење додадете го меленото кафе во калапот за мраз и истурете го млекото над замрзнатите коцки наутро, за совршено будење со домашна кафе-лате.

Ние често додаваме зачини на летните пијалоци, кои им даваат посебна нота на пијалоците. Користете нане, босилек или некои други билки за да направите пијалок по ваш вкус. Ставете ја избраната билка во калап за мраз, додадете вода и оставете ја во замрзнувач преку ноќ. Наутро, додадете ги замрзнатите коцки во бокал со вода и уживајте во вкусен пијалок.

Визуелно, најинтересните коцки се оние во различни бои. Иако нивната подготовка е малку посложена од претходните, кога ќе го видиме конечниот резултат – секогаш заклучуваме дека напорот се исплати. Најлесен начин да направите шарени коцки е постепено да додавате сокови од различни бои во калапот. Откако ќе се замрзне еден вкус на сокот, додаваме друг сок од друга боја. Во зависност од големината на калапот, зависи и бројот на бои што ќе ги видиме на мразот.

Совет: Оставете го калапот со мраз во замрзнувач барем преку ноќ. Добиените коцки можете да ги додадете во вода, млеко, коктел, па дури и чај доколку сакате побрзо да се олади. Пијалокот ќе добие поинаков вкус, бидејќи мразот се топи, а вие ќе уживате во новиот летен пијалок.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име