Дома Здравје Лек за болни и отечени стапала

Лек за болни и отечени стапала

1313
0

Дали сте од оние луѓе кои секојдневно се борат со напнати и отечени нозе? По цел ден седите во канцеларија, не се движите доволно, а сето тоа зема замав… Еве како можете да си помогнете и покрај нездравиот начин на живот!

Дали имате непријатно чувство на тежина во нозете и болна напнатост во листовите? Сето тоа се должи на лошата циркулација, долгото седење на работа или носењето високи потпетици. Но, за жал не сте во можност да ги промените овие работи. Што ви преостанува освен да се грижите за себе?!

Еве неколку едноставни совети кои ќе ви помогнат да ги направите вашите нозе помалку болни и уморни.

Блага масажа

Масирајте ги стапалата со креми и гелови за вени кои го ублажуваат отокот. Најдобри препарати се оние кои содржат екстракти од див костен и есенцијално масло од рузмарин, бидејќи делуваат против воспаленија, ја подобруваат циркулацијата и ги тонираат ѕидовите на вените.

Ладно-топол туш

Користете го дневниот туш за масажа. Наизменично истуширајте ги стапалата од стапалата до бутовите со ладна и топла вода.

Вечерна бања

Во млака вода ставете една шака кујнска сол и неколку листови рузмарин, а ако нозете ви се многу отечени, додадете две шаки листови маточина. По капењето избришете ги стапалата со крпа, триејќи ги од прстите до петицата.

Вежби за подобра циркулација

Веднаш штом ќе се разбудите, стимулирајте ја циркулацијата со 10-минутна вежба: легнати на грб ставете ги рацете под задникот и заокружете ги нозете како да возите велосипед. Кога сте дома, легнете на подот неколку пати на ден и кренете ги нозете до ѕидот. По само пет минути ќе почувствувате како тежината исчезнува од вашите нозе.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име