Дома Здравје Леблебија – одлична храна за анемија…

Леблебија – одлична храна за анемија…

793
0

Бобинки од наут – леблебија се исклучително лековити и може да се подготват на различни начини, за предјадење, супа, главно јадење или гарнир, па дури и за десерт.

Леблебијата е полна со растителни влакна, цинк, калциум, протеини и фолати. Бидејќи не содржи многу маснотии, е одличен избор за луѓе со дијабетес.

Што може леблебијата да направи за вашето здравје?

Ја зголемува енергијата
Ова е можеби најважната придобивка од леблебијата, и бидејќи е полна со протеини.

Спречува дијабетес
Бидејќи содржи многу растителни влакна, таа добро ќе делува на луѓето кои имаат дијабетес или сакаат да го спречат. Влакната помагаат во апсорпција на гликоза и одржување на нормалното ниво на инсулин.

Го подобрува варењето на храната
Влакната повторно се најважната точка бидејќи го зачуваат здравјето на цревата и спречат запек. Ако ја јадете редовно, ќе ги ублажи проблемите како гадење и запек.

Анемија
Голем процент на железо во оваа храна помага да се компензира недостатокот на железо, и го одржува нормалното ниво на хемоглобин, па затоа е исклучително добра храна за бремени жени и за време на менструација.

Ги зајакнува коските
Бидејќи содржи доволно количество калциум, леблебијата ги одржи коските здрави и ќе ги заштити од фрактури.

Ги подобрува когнитивните функции
Природно е богата со холин, кој ги штити нервите и го ублажува стресот. Ако јадете редовно, ќе ви помогне да се концентрирате полесно.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име