Дома Твој готвач ЛАДНИ ТЕСТЕНИНИ (рецепт)

ЛАДНИ ТЕСТЕНИНИ (рецепт)

2099
0

Повеќето од нас вака подготвените тестенини ги знаеме како салата. Можете да додадете различни состојки и да комбинирате вкусови но основните состојки за овие тестенини се секогаш исти. Денес ви носиме еден поинаков рецепт со повеќе зеленчук…

Состојки:

  • 250 гр. мала макарони
  • 2 тврдо варени јајца
  • 200 гр. шунка
  • 3 кисели краставички
  • половина мала главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 мала зелена пиперка
  • 1 мала црвена пиперка
  • кесичка мајонез
  • 2 големи лажици павлака
  • зачини по желба

Подготовка:

Сварете ги тестенините според упатството на пакувањето, измијте ги и оставете да се изладат. Сите состојки исечкајте ги што е можно поситно, со вилушка издробете ги јајцата и сè додајте во изладените тестенини. Добро измешајте и ставете во фрижидер.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име