Дома Твој готвач Крцкави парчиња леб со пармезан, путер и лук…

Крцкави парчиња леб со пармезан, путер и лук…

763
0


Ви нудиме решение за вишокот леб. Иако звучи прилично едноставно, парчињата леб со ароматичен путер се едни од оние јадења кои тешко може да запреме да јадеме, веројатно заради прекрасниот слој печен пармезан.
Ако ви останува леб, еден од начините на кој можете да го користите е со подготовка на вкусни парчиња леб со лук. Сè што ви треба (освен леб и лук) е малку пармезан, што ќе ја заокружи целата приказна. Ако имате зачини, како рузмарин, магдонос, мајчина душица – или чили, можете да си играте со ароми и вкусови.

Состојки
1 леб
4 чешниња лук
120 гр путер
1/2 лажичка сол
60 гр кашкавал или пармезан
зачини по желба

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 220 степени. Плехот за печење обложете го со хартија за печење.

Во мал сад измешајте го омекнатиот путер со сецканиот лук, зачините и сол.

Премачкајте ги парчињата леб со путер и посипете ги со рендан кашкавал или пармезан.

Печете околу 10 минути , додека лебот добие убава боја на рабовите и пармезанот убаво се стопи.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име