Дома Твој готвач Крцкави крокети (рецепт)

Крцкави крокети (рецепт)

2053
0


Научете како да подготвувате меки и крцкави крокети кои се совршен прилог за пржено или печено месо исто така и со риба. По желба измешајте ги сечканите зачини во смесата со компири и добијте совршени крокети.

Состојки:

Крокети
600 гр пире од компири
2 лажички сецкан свеж магдонос
1 лажичка сол
¼ лажички мелен пипер
1 јајце
60 гр остро брашно

Пржење
120 гр мазно брашно
1 јајце
180 гр лебни трошки
масло за пржење

Подготовка:
Крокети

Подгответе ја смесата за крокетите
Во голем сад измешајте ги пирето, магдоносот, солта и биберот. Додадете јајце и брашно и замесете тесто.

Подгответе ги состојките за прпелање
Во плиток сад ставете го брашното. Во друг сад изматете го јајцето и изматете со 1 лажица вода. Во третиот плиток сад ставете лебни трошки.

Формирајте ги крокетите
Од смесата со компири формајте како ќебапчиња. Испрпелајте ги во брашно и истресете го вишокот. Потопете ги крокетите во изматените јајца, а потоа извалкајте ги во лебните трошки.

Пржење
Во тенџере со средна големина, загрејте го маслото на средно висока температура додека не се загрее. Пржете ги крокетите од сите страни до златно кафеава боја, околу 2 минути по страна.

Ротирајте ги крокетите по потреба. Извадете ги со перфорирано метално сито и ставете ги на чинија обложена со хартиени крпи. Послужете со сос по желба.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име