Дома Психолошки совети Како да бидете посреќни на работа…

Како да бидете посреќни на работа…

369
0

Малите промени во вашата рутина може да имаат неверојатно позитивно влијание врз квалитетот на секој ден што го поминувате во канцеларија. Еве неколку кратки и едноставни совети како да бидете посреќни на работа.

Како дел од вашата утринска рутина, одвојте 60 секунди во кои ќе бидете сами и во тишина. Не размислувајте за работа. Одморете го мозокот и ќе се наградите со енергија за остатокот од денот.

Смејте се почесто

Со смеењето се постигнуваат две работи. Прво, насмевката му кажува на мозокот да биде посреќен. Второ, кога ќе се насмеете, ќе го раширите на другите луѓе околу вас. Насмевката е заразна, на добар начин.

Дајте си признание

Секој пат кога ќе завршите некој проект или само дел од некој голем проект, застанете и „тапкајте се по грбот“. Дајте си заслуга за вашиот успех. На овој начин ќе создадете чувство дека сте постигнале нешто, што ќе ви даде ментална и емоционална сила да продолжите.

Прославете кога ќе научите нешто ново

Човекот учи по нешто секој ден. Трикот е да препознаете кога сте научиле нешто ново и потенцијално важно. Тоа е победа која заслужува внатрешно „Ура!“

Уживајте во човечката природа

Ајде да се соочиме со тоа – луѓето навистина прават чудни работи. Кога се соочувате со различни реакции од други луѓе, практично имате две опции – да бидете иритирани или да се забавувате со сето тоа. Ако сте изнервирани, ќе се чувствувате лошо, додека ако ги гледате работите од позитивната страна, ќе најдете креативен начин да ги заобиколите ограничувањата кои другите ви ги поставуваат.

Заблагодарете им се на оние кои извршуваат неблагодарни задачи

Веројатно знаете дека треба редовно да им се заблагодарувате на колегите и клиентите. Но, што е со оние луѓе кои не ги забележувате толку многу? Чистачи, чувари, луѓе од кол центарот? Нивната работа е исто така тешка и ретко слушаат дека се вреднува нивниот придонес.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име