Дома Здравје И јадењето на овошје има свој тајминг, еве кога е најдобро да...

И јадењето на овошје има свој тајминг, еве кога е најдобро да се јаде…

613
0

Добро познат факт е дека овошјето е богато со хранливи материи и обезбедува бројни здравствени придобивки на нашето тело. Овошјето ни обезбедува витамини и минерали потребни за да водиме здрав живот. Но, кога треба да јадете овошје?
Имено, има погрешно и правилно време за негово консумирање. Повеќето луѓе сакаат да јадат овошје веднаш по оброкот. Тие го заменија десертот со овошје и сметаат дека е поздрав избор. Но, иако е за пофалба да се избегне десерт полн со калории и шеќер, консумирањето овошје веднаш по оброкот не е најдобро време.

Празен стомак
Јадењето овошје на празен стомак е одличен начин за детоксикација на вашето тело. Ова е исто така најдобро време да се обезбеди оптимална апсорпција на сите витамини и минерали во овошјето. Консумирањето овошје за појадок е добар начин за дигестивниот систем наутро. Исто така, обезбедува бавно зголемување на нивото на шеќер во крвта.

Вежбање
Овошјето е совршена закуска ако редовно вежбате. Грицкајте некое овошје пред да започнете со вежбање. Овошјето го одржува нивото на енергија во вашето тело, но не ви дава чувство на ситост и надуеност.

Сезонско овошје
Традиционалната медицина препорачува овошјето да се јаде според сезонски промени. На пример, сезонското овошје како манго е совршено за консумирање во лето. Најдобро време за овошје е според нивната сезона.

Помеѓу оброците
Најдобро време за консумирање овошје е еден час пред оброк и два часа после јадење. Ова осигурува дека витаминот Ц, пектин и растителни влакна се целосно апсорбирани од телото. Нивоата на холестерол во организмот се намалуваат и со конзумирање овошје помеѓу оброците.

После јадење
Кога консумирате овошје веднаш по оброкот, апсорпцијата на фруктозата во организмот ќе биде бавна. Останатата фруктоза во дигестивниот систем ќе произведе органски киселини кои предизвикуваат надуеност и дијареја.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име