Дома Здравје Зошто ѓумбирот е толку важен?

Зошто ѓумбирот е толку важен?

630
0

Ѓумбирот е многу популарен поради неговите придобивки за варењето на храната и респираторните нарушувања. Содржи многу корисни минерали како калциум, фосфор, железо, магнезиум, бакар, цинк и некои други.

Ако го јадете пред оброк, можете да го подобрите апетитот и варењето на храната, бидејќи неговата топлина ќе го активира дигестивниот тракт и ќе го олесни исфрлањето на токсините од телото. Тој е одговорен за регулирање на ензимите и ја подобрува апсорпцијата на хранливите материи во организмот, а ако јадете мала количина ѓумбир пред патувањето, може да ја ублажите гадењето како резултат на патувањето.

Свеж сок од ѓумбир се користи и при симптоми на кашлица и настинка. Исто така, помага во запирање на течење на носот, олеснување на главоболките и треската поврзана со настинки ако се пие како чај комбиниран со босилек и мед.

Освен што е одличен зачин за оброци (не само индиска или азиска кујна), сувиот ѓумбир има аналгетски и антиинфламаторно дејство и се користи за ублажување на болката во зглобовите (не заборавајте да го консумирате редовно ако страдате од артритис).

Исечете го ѓумбирот на тенки парчиња, посолете го и посипете со сок од лимета. Јадете неколку парчиња пред јадење за да го олесните варењето на храната.

Олеснете ги болните мускули после тренинг…

Есенцијалното масло од ѓумбир го загрева телото, ја подобрува циркулацијата и протокот на крв. Затоа е одличен лек за болни и уморни мускули. Како најдобро да се искористи? Завиете четири лажици свежо рендан ѓумбир во памучна кеса и ставете ја во вода од вашата купка. Додека уживате во релаксирачки третман, ѓумбирот ќе делува на болни и воспалени места.

Женско здравје…

Жените кои страдаат од болни циклуси, може да се олеснат со пиење чај од ѓумбир. Имено, многубројни дтудии за алтернативна и комплементарна медицина “ покажале дека ѓумбирот е подеднакво ефикасен како и ибупрофен кај болни грчеви.

Оставете две лажици свеж корен од ѓумбир 15 минути во топла вода и процедете. Додадете мед или лимон за да го подобрите вкусот.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име