Дома Твој готвач Засладете се со брзи пралини од кокос

Засладете се со брзи пралини од кокос

1165
0


Неодолива комбинација на кокос и чоколадо во кремасти пралини…

Малкумина се оние кои не сакаат кокос , а за сите други ви подготвивме многу едноставен и брз рецепт. Ќе биде потребно малку мешање, малку ладење и потопување во чоколадо за да се направат овие фини слатки закуски. Украсете и обликувајте по желба.

Состојки:

50 гр путер
1 лажица екстракт од ванила
малку сол
200 гр шеќер во прав
1 чаша кокос
1 лажичка екстракт од кокос
100 гр чоколадо за готвење
2 лажици сладок крем

Подготовка:

  1. Измешајте го путерот додека не стане пенлив, а потоа додадете ги другите состојки.
  2. Мешајте додека сè не се соедини во еднаква смеса. Оставете ја смесата во фрижидер половина час.
  3. Обликувајте ги пралините по желба. Повторно ставете ги во фрижидер 10 минути и подгответе го чоколадото за потопување.
  4. Во мало тенџере загрејте ги чоколадото и слатката павлака додека не се стопат.
  5. Потопете ги пралините и украсете по желба.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име