Дома Родители и деца Експертите ги откриваат тајните на генетиката: Еве што бебето наследува од својата...

Експертите ги откриваат тајните на генетиката: Еве што бебето наследува од својата мајка, а што од својот татко!

590
0

Научниците објаснуваат што одредува чии гени ќе ги наследи детето
Гените понекогаш знаат да си поиграат. Научниците тврдат дека голем број генетски предиспозиции одредуваат како ќе изгледа вашето бебе. Ова се најчестите заблуди и дилеми на родителите:
Момчињата изгледаат како мајките, а девојчињата изгледаат како татковците?
Постои популарно мислење дека момчињата личат на мајките , а девојчињата на татковците. Сепак, науката го потврдува ова само делумно. Вистина е дека момчињата наследуваат еден Х хромозом што директно влијае на изгледот на детето. Кај девојчињата, работите се различни, тие добиваат еден Х хромозом и од мајката и од таткото, па шансите се еднакви на кој ќе изгледаат.
Какви очи ќе има бебето?
Родителите честопати се прашуваат какви очи ќе има нивното бебе. И, тоа зависи и од генетската предиспозиција. Бебето има поголема веројатност да има сини очи ако и двајцата родители имаат сини очи. Ако едниот родител има темни или кафеави очи, а другиот сини, бебето во повеќето случаи ќе има кафени очи, бидејќи тоа е подоминантен ген.
Колку ќе биде високото детето?
Дури и ако родителите се ниски, детето може да ја надмине нивната висина. Се разбира, тоа зависи од исхраната во детството и од внесувањето на калциум и други витамини. Исто така, ако го запишете вашето дете во кошарка или некој друг спорт, детето има поголема веројатност да се развие и да ја надмине висината на родителите.
Која боја на коса ќе ја има детето?
Бојата на косата зависи од тоа чиј ген ќе преовладува. Ако и мајката и таткото имаат светла коса, детето исто така ќе ја има таа боја на коса. Децата од нашата област генерално имаат посветла коса во детството, а подоцна нивната коса потемнува. Бојата на косата што се формира по дванаесетгодишна возраст, останува доминантна до староста. Од родителите, детето ја наследува формата на косата, кадрици, бранови итн.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име