Дома Твој готвач Едноставна чоколадна салама со состојка што не ја очекувате

Едноставна чоколадна салама со состојка што не ја очекувате

1454
0

Веруваме дека постојано ќе ја подготвувате овај едноставен ролат…

Чоколадната салама е всушност италијански десерт и е вкусна токму онака како што ви изгледа и може да биде. Овој интересен рецепт содржи и една обожавана закуска – солени переци. Еве како да го подготвите:

Потребни состојки:

125 гр печени кикиритки

100 гр ореви
240 гр солени готови переци
200 гр рендано чоколадо
170 гр путер
200 гр путер од кикирики
230 мл млеко
1 лажица екстракт од ванила
¼ лажичка сол

Подготовка:

Ставете ги кикиритките во процесор за храна и сомелете ги.
Во друг сад, ставете ги переците и оревите што претходно сте ги издробиле на покрупни делови

Гответе ги на пареа чоколадото, путерот, путерот од кикирики, млекото, ванилата и солта.
Мешајте околу 7 минути додека сè не се поврзе, извадете ја тавата, додадете ги сувите состојки.

Потоа покријте ја со пластична фолија и ставете ја во фрижидер еден час.
Подгответе лист пластична фолија, ставете го на работната површина, намачкајте ги рацете со масло.
Одделете ја смесата и ставете ја на фолија и завиткајте, со рацете направете ролат.
Оставете да отстои во фрижидер неколку часа. Посипете со какао по желба.
Пред сервирање, извадете ја фолијата и убаво исечете.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име