Дома Твој готвач Единствениот десерт што ќе го подготвиме за оваа празнична сезона е куглофот...

Единствениот десерт што ќе го подготвиме за оваа празнична сезона е куглофот ‘Ferrero Rocher’!

3201
0

Единствениот десерт што ќе го подготвиме за оваа празнична сезона е куглофот ‘Ferrero Rocher’!
Сочен и моќен куглоф

Скоро сме на половина од декември и време е сериозно да почнеме да размислуваме за празничните десерти. Ако не прашате нас, не мора да го чекате Божиќ за да пробате некои од најфините десерти и да го засладите и најобичниот работен ден во неделата. Подолу избравме рецепт на кој сигурно нема да можете да одолеете бидејќи се работи за куглоф Фереро Рошер .

Куглофот веќе традиционално го има на нашите трпези во различни празнични изданија, а на Инстаграм профилот@cellulite_factory најдовме верзија достојна за божиќната празнична трпеза. Сите состојки и процесот се подолу.

Состојки:

150 гр млечна чоколада
150 мл млеко
200 гр путер, собна температура
150 гр шеќер
4 јајца
150 гр брашно
15 гр какао
1,5 лажички прашок за пециво
прстофат сол
80 гр мелени лешници
50 гр сечкани лешници

глазурата

лажица путер,
150 гр млечна чоколада
70 мл слатка павлака
50 гр сечкани лешници

Подготовка:

Како прв чекор загрејте ја рерната на 175 степени. Соединете ги сите суви состојки во средна чинија. Калапот за куглоф убаво намастете го и набрашнете го. Потоа чоколадото исечкајте го на парчиња и прелијте го со загреаното млеко додека не зоврие. Оставете 2 минути и мешајте додека да се растопи чоколадото.

Во поголем сад, обработете ги путерот и шеќерот со електричен миксер околу 5 минути. Додадете ги јајцата едно по едно со постојано мешање на најмала брзина. Додадете ја растопената чоколада и продолжете со мешањето уште една минута. Додадете ги сувите состојки и измешајте со најмала брзина. Добиената смеса истурете ја во подготвениот калап и ставете ја во загреана рерна. Куглофот се пече 55-60 минути или додека чепкалка не излезе чиста.

Испечениот куглоф извадете го од рерна и оставете го да се излади во калапот 10 минути. После тоа, извадете го од калапот на решетка и оставете го целосно да се излади.

За глазурата, чоколадото исецкајте го на коцки. Загрејте ја слатката павлака додека не зоврие, прелијте ја со чоколадата и почекајте една минута. Добро измешајте додека чоколадото целосно не се растопи, а потоа додадете ги сечканите лешници и уште еднаш промешајте. Прелијте со куглофот и послужете.

Фото: Инстаграм (@cellulite_factory)

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име