Дома Здравје Еве кои пијалоци ги препорачуваат нутриционистите доколку сте на диета

Еве кои пијалоци ги препорачуваат нутриционистите доколку сте на диета

882
0

Овие напитоци ќе ви помогнат во тоа, доколку се грижите за исхраната

Изборот на храна не е единственото нешто што треба да го земете во предвид кога започнувате диета или целосно го менувате начинот на живот и се посветите на здравата исхрана.

Покрај храната, многу е важно кои пијалоци ги консумирате, имајќи предвид дека најчесто имаат скриени калории, па дури и го забавуваат процесот на слабеење.

Иако водата е главниот и најздравиот напиток, кој го препорачуваат сите нутриционисти, за среќа, не е единствениот.


Кафе -Можете да пиете кафе, но нека биде црно, без шеќер.Не додавајте млеко, шеќер, шлаг и слично.

Чај – За среќа, тука речиси и да нема ограничувања, освен што не смеете да додавате шеќер и мед во чајот.

Вода – Најдобар начин да ја задоволите жедта со нула калории. Кисела водаисто така влегува во игра.

Домашни сокови – Ова треба да биде општо правило, соковите никогаш не се добар избор но, домашните цедени сокови се одлични. Сокови од зеленчук можете да подготвите дома.

Шејк од сурутка – одличен начин да добиете дополнителна дневна доза на протеини, но не претерувајте. Во просек, една доза Whey протеин измешана со вода содржи околу 150-200 калории.

Вино – Повремено можете да се почестите но со само една чаша вино!

Кокосова вода – Идеална за пијалок кој подмладува и природно ја враќа изгубената животна енергија и сила со минимални калории.

Растително млеко – Кокосово, бадемово, соја, ориз, просо и овесно млеко: растителното млеко е тренд во исхраната што е добро да се следи.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име