Дома Твој готвач Домашен џем од јаболка

Домашен џем од јаболка

905
0


Џем од јаболка идеален за колачи, пити или едноставно како прелив…

Потребни состојки:

750 гр рендани јаболка (кисели или слатки)
250 гр рендани моркови
100 ml вода
1 кесичка ванилин шеќер
цимет (по избор)
каранфилче (опционално)
сок од еден лимон

Постапка:
Излупете ги јаболката, изрендајте ги и исечкајте ги со миксер или блендер.
Измешајте ги со останатите состојки и ставете ги во соодветно тенџере.
Оставете ја смесата да зоврие и варете на тивок оган, повремено мешајќи, околу 40 минути.
За време на готвењето може да се формира пена на површината и треба да се отстрани.
Готовиот, сè уште врел џем истурете го во стаклена тегли која е добро измиена и стерилизирана во рерна на 100-110 ° C.

Џемот треба постепено да се лади и да се чува на суво и ладно место.

Напомена:
Јаболката содржат доволно шеќер и не треба да се додаваат. Доколку сепак сакате варијанта со шеќер, на наведените состојки можете да додадете 500 гр шеќер (или природен засладувач од стевиа како поздрава алтернатива).

Џем од јаболка може да се подготви со слатки или кисели јаболка, во зависност од тоа каков вкус сакате. Вака подготвен е вкусен и здрав и може да се користи помешан со житарки, колачи, како фил за разни пити и штрудли или едноставно како прелив…

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име